Шолц: Пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ во интерес на Германија

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го поздрави заживувањето на преговорите за влез во Европската унија (ЕУ) со земјите од Западен Балкан и истакна дека пристапувањето на балканските земји во ЕУ е во интерес на Германија.

Loading...

– Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската унија, рече Шолц говорејќи пред парламентот во Берлин, пред еднодневниот самит на ЕУ во Брисел.

Шолц ја пофали одлуката на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ за прием на Хрватска во Шенген зоната и додаде дека треба да им се дозволи на Бугарија и Романија да се приклучат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Шолц, исто така, пред германските парламентарци истакна дека ЕУ е обединета во поддршката за Украина и дека обидите да се поткопаат вредностите на Унијата со блокирање на надворешнополитичките мерки нема да успеат.

Секој што мисли дека може да ги поткопа вредностите на ЕУ, на кои се обврза секоја земја-членка, со блокирање на нејзината надворешна и безбедносна политика, нема да успее, рече Шолц.

Шолц рече дека поддршката за Украина, вклучително и санкциите против Русија, ќе биде силна и интензивна се додека рускиот претседател Владимир Путин продолжи да води војна против Киев.

Претходно оваа недела, Будимпешта се откажа од своите претходни приговори за заемот од ЕУ за Киев, по делумното одмрзнување на финансиската поддршка за Унгарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!