Шолц избран за нов канцелар на Германија

Сподели со своите пријатели

Германскиот парламент, Бундестагот, денеска го избра социјалдемократот Олаф Шолц за нов канцелар, со што дефинитивно заврши 16-годишната ера на Ангела Меркел.

Loading...

Шеесет и тригодишниот Шолц беше избран со тајно гласање – од 395 од 736 пратеници во Бундестагот, со поддршка на неговата Социјалдемократска партија (СПД), Зелените и либералите, пренесува АФП.

Неговата тричлена коалиција има 416 пратеници во Долниот дом на парламентот со 736 места.

Три партии, т.н „Семафор коалиција“ вчера потпиша коалициски договор со кој се официјализираше крајот на владеењето на Ангела Меркел.

Шолц треба да оди во резиденцијата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за да биде официјално назначен и да положи заклетва во парламентот подоцна денеска.

Тој беше избран за деветти канцелар на Германија по Втората светска војна.

Владата на Шолц ја презема функцијата со голема надеж дека ќе придонесе за модернизација на Германија и борбата против климатските промени, но веднаш се соочува со најитниот предизвик, а тоа е да се справи со моменталната најтешка фаза на пандемијата на коронавирус во земјата.