Шојгу: Русија ја зголемува својата борбена готовност

Сподели со своите пријатели

Русија ја зголемува борбената готовност во своите бази во Киргистан и Таџикистан поради обидите на Америка и нејзините сојузници да го обноват своето воено присуство во Централна Азија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Loading...

Според неговите зборови, Русија ги смета нивните барања до земјите во регионот за распоредување на воена инфраструктура „како директна закана за стабилноста на просторот на Шангајската организација“.

– Од наша страна ја зголемуваме борбената готовност на руските воени бази во Киргистан и Таџикистан, како и на другите сили за брза реакција со цел да се соочиме со можните предизвици – нагласи Шојгу на редовниот состанок на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.