Шеста година по ред Македонија без финале на Евросонг (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По шести пат Македонија не успеа да обезбеди пласман во финалето на изборот за песна на Евровизија, кој по 63. пат годинава се одржува во Лисабон, Португалија.

Претставници на Македонија беа групата „Ај кју“ кои настапија со песната „Lost and found“. Место во финалето имаше за 10 од 19 земји кои се натпреваруваа вечерва на првата полуфинална вечер. Таму место за Македонија повторно немаше и покрај квалитетниот избор на песната.

Во сабота се очекува големото финале каде 20 земји ќе се борат за најдобра песна во Европа.

Loading...

Leave a Reply