Шест работи на кои беспотребно трошиме пари секој месец

Сподели со своите пријатели

Штедењето не ви е силна страна, а постојат работи кои секој месец ги правите кои вашата финансиска состојба ја чинат уште полоша.

Знаеме дека мислите дека не можете постојано да штедите и да си скратувате мали слатки задовослтва, но всушност мислиме тука на непотребните трошоци кои сигурно може да ги одвикнете.

Пиење кафе на јавни места

Можете ли да преживеете ден, а да не испиете кафе во некоја кафетерија каде вашиот магичен напиток ќе ви го наплатат скоро како појадок? Наместо секој или секој втор ден да оставате пари во барови, повикајте ги пријателите во својот дом на топол напиток. Направете пријатна атмосфера, пуштете музика, потрудете се да се чувствувате како во најдобрата кафетерија во градот.

 

Loading...

 

Теретана и останати програми во теретаната

Да се биде актиевен и да се вложува во своето тело секогаш е добра инвестиција, но само под услов навистина да сте одговорни и редовни на тренинзите. Ако сте од оние кои од 12 тренинзи, ќе посетат само пет и тоа затоа што сте платиле и да не пропадне членарината, веднаш сфатете дека губите време и трошите пари.

 

 

Ручек на работа

Ако повеќе пати неделно трошите пари на ручек додека сте на работа, на крајот на месецот ќе дојдете до заклучок дека вие всушност работите за да оставате пари на работното место. Секако дека не мора секој ден да носите јадење од дома, но кога имате време, би требало. Освен што сигурно ќе заштедите, подготвените оброци се поздрави од купените, кои најчесто се сведуваат на брза или пржена храна.

 

Loading...

 

Сметки за мобилен телефон

Уште една битна ставка на која месечно можете многу да заштедите е вашиот мобилен телефон. Со оглед дека во денешното модерно време животот е незамислив без брза, паметна „играчка“ во која ни се сокриени најдрагите спомени, фотографии, броеви од телефони, логично е дека не обрнуваме многу внимание на тоа колку за него ќе потрошиме. Погледнете го својот буџет и размислете колку би било идеално да плаќате сметка за мобилен секој месец. Пронајдете пакет кој најмногу ви одговара и кој ги задоволува вашите потреби.

Наполнете го вашиот мобилен телефон со помош на лимон (видео)

Тренди гардероба

Како ни доаѓа ново годишно доба, прво што сакаме е да го освежиме орманот со нови и тренди работи и некогаш воопшто не размислуваме дали одредени парчиња ќе ги носиме само една сезона или ќе може да ги искористиме и следната година. Наместо да потршите голема сума на пари на моменталните тренди парчиња во бои кои се актуелни оваа сезона, размислете што навистина ви треба.

 

 

Превоз

Да имате автомобил, да го користите секојдневно и да го одржувате е една инвестиција која бара посебен буџет и ако се уште не сте подготвени да издвоите определени пари, подобро е купувањето автомобил да го одложите.

10 златни правила кои штедат пари и гориво

Исто така, таксито како најбрза алтернатива не е решение. Тој вид превоз може најскапо да ве чини, а нема да имате ниакква корист освен што ќе го скратите патот. Иако јавниот превоз се наметнува како поефтина варијанта, не сме среќни ни ако постојано мора да ги користиме неговите услуги. Најдобра варијанта е комбинирањето, искористете ја можноста да шетате што повеќе.