Шест мистериозни работи кои се случуваат додека спиете

Сподели со своите пријатели

Мирен ноќен сон е се што сакате по напорен работен ден. Но, знаете дека понекогаш се случуваат чдни работи додека спиете? Проверете дали ви се случуваат некои од овие необјасниви работи.

Синдром на глава која експлодира

Личноста се буди поради силна „експлозија“ во главата. може да слушнете звукови или да видите блесок. Иако не е опасно, навистина е застрашувачко.

Соништа кои се повторуваат

Често се поврзанис о нашиот живот. Мозокот постојано ги повторува. Нема вистинско објаснување, но се верува дека соништата повторуваат како би можеле да се соочат со нив.

Парализа на сонот

Време кога ќе се разбудите, но не можете да ги померите мускулите ниту да разговарате. Знаете дека вашиот ум е буден, но вашето тело не е. иако трае само неколку секунди, може да биде застрашувачко.

Зборување во сон

Чест феномен и трае околу 30 секунди. Обично се јавува во првите два часа од спиењето. Не е опасно, но е непријатно за оние кои спијат покрај вас.

Вонтелесно искуство

Се нарекува неуропсихолошки феномен. Во овој случај личноста се гледа надвор од телото – свеста е надвор од телото и може да види како телото лежи на креветот.

Месечарење

Феномен кога вашата свест спие, но телото е будно. Исто така, при спиењето, луѓето екорат и дури може да ја напушстат својата куќа. Кога личноста се буди, не се сеќава на ништо.