Шел ја намали преработката на нафта во Германија поради суша

Сподели со своите пријатели

Британско-холандската нафтена компанија „Шел“ објави дека била принудена да ја намали преработката во рафинеријата во германската Рајнска област поради ниските нивоа на водата во реката Рајна што го отежнало транспортот.

Loading...

„Поради нискиот водостој на Рајна, го намаливме капацитетот на Shell Energy and Chemicals Park Rhineland. Ситуацијата со снабдувањето е предизвикувачка, но внимателно се управува“, објави компанијата во четвртокот.

Шел не соопшти колку го намалила капацитетот на рафинеријата, која може да преработува до 17 милиони тони сурова нафта годишно или 345.000 барели дневно.

Континуираното екстремно ниско ниво на вода на Рајна ги зголеми цените на товарот бидејќи некои бродови го допираат коритото дури и кога се празни, рече Ларс ван Вагенинген од консултантската куќа „Инсајтс Глобал“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Нивото на водата на раскрсницата на Рајна Кауб кај Кобленц во четвртокот беше 34 сантиметри, што е многу блиску до најниските нивоа забележани во 2018 година.

Пловните објекти под патнички товар бараат длабочина од околу 1,5 метри.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.