Шарл Мишел во еднодневна посета на Македонија

Сподели со своите пријатели

Во еднодневна посета на Република Северна Македонија денеска ќе пристигне претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

Loading...

Во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност да ја проследат прес-конференцијата за што е потребно да пристигнат најдоцна во 13:00 часот на влезот пред Медија центарот на Владата. На прес-конференцијата ќе има можност за поставување на новинарски прашања 2+2 односно две прашања за премиерот Ковачевски и две прашања за претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ