Како од научно фантастичните филмови, руското теренско возило „Шаман“ на осум тркала навистина изгледа футуристички.
Може да се движи по најразлични терени, а она што особено е интересно е тоа што со него може да управува секој возач на автомобил.
Loading...
„Шаман“ е долг 6,3 метри, висок 2,7 метри додека ширината на овој теренец е 2,5 метри. Тежината на оваа возило изнесува 2,5 тони.
Теренецот може да понесе тон и половина багаж, а неговиот резервоар може да собере 260 литри гориво.
Ако ве интересира цената на оваа возило, таа изнесува најмалку 183.000 евра.