Серија земјотреси ја погоди Јапонија

Сподели со своите пријатели

Јапонија денес беше погодена од четири земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Сите четири беа на отворено море, источно од најголемиот остров во Јапонија, Хоншу.

Најслабиот земјотрес беше со интензитет од 4,1 степени. Епицентарот на најсилниот земјотрес беше на длабочина од 10 километри и на 132 километри од градот Мијако.

NHK објави за инцидентот во префектурата Мијаги во североисточна Јапонија, каде што автомобил падна во дупка длабока еден метар предизвикана од земјотресот.

Полицијата го извлече возачот од автомобилот и никој не е повреден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанка убиена во пукотница во близина на античките пирамиди во Мексико

Не е издадено предупредување за цунами. Јапонија вчера беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,4 степени, а на жителите во крајбрежните области им беше советувано да се евакуираат и да одат на безбедни локации и повисоки места.