СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Откриена планета за која се мислело дека не постои!

Сподели со своите пријатели

Откривањето на планета за која научниците верувале дека не може да постои може да доведе до промена на популарното мислење за тоа како се формираат нови светови, пред се како се формираат и развиваат гасовити гиганти, односно планети од типот Јупитер.

Loading...

Научниците велат дека планетата, официјално именувана WASP-107b, или позната и како „super-puff“, е многу пониска по густина отколку што се сметало за планети од типот на Јупитер воопшто, пишува Индепендент.

Таа е со иста големина како Јупитер, но има густина дури 10 пати помала, што ги натерало истражувачите да ја споредат планетата со шеќерна волна. Како таква планетата е посебна, не само набљудувана посебно, туку и поради „златните импликации“ дека планетите од типот на Јупитер, т.е. гасните гиганти можат да се формираат многу полесно отколку што се сметаше порано.

– Ова откритие се однесува на самите основи за тоа како се формираат и растат гигантски планети. Даден ни е конкретен доказ дека масовната акумулација на гасната обвивка може да се активира за јадра што се далеку помала маса отколку што мислевме – вели Бјорн Бенеке од Универзитетот во Монтреал.

Планетата е извонредна не само затоа што е невообичаено голема, туку и затоа што има слаба гравитација на површината, како и осветленоста на нејзината sвезда позната како WASP-107.

Ова овозможува подетално да се изучуваат овој свет и неговата атмосфера отколку што е инаку можно.

Планетата е 16 пати поблиску до својата sвезда отколку Земјата до Сонцето.

 

Loading...

 

Истражувачите објавија нови и револуционерни резултати од четиригодишното истражување на системот во најновиот број на Астрономскиот журнал.

Небесното тело WASP-107b за прв пат е забележано во 2017 година. Орбитира околу својата sвезда на растојание од околу 212 светлосни години од Земјата. Таа е многу близу до таа sвезда, околу 16 пати поблиску од Земјата до Сонцето.

Понатамошните истражувања покажале дека таа е една од планетите со најмала густина позната на човекот. Тој кревок материјал ги натерал истражувачите да ја наречат „super-puff“ или „шеќерна волна“.

Планетите се формираат во диск од прашина и гас кои кружат околу младите ѕвезди. Општо се верува дека гасните гиганти – планети како нашиот Јупитер и Сатурн или планетата WASP-107b мора да создадат цврсто јадро кое е најмалку 10 пати помасивно од Земјата, така што ќе се акумулира доволно гас пред да се распадне дискот.

Но, WASP-107b нема масивно јадро, па затоа научниците не се сигурни како воопшто можела да се формира. Сепак, тие имаат многу можни сценарија што можат да го објаснат процесот на формирање необична планета.

– За WASP-107b, најверојатно сценарио е планетата да се формира далеку од ѕвездата, каде гасот во дискот е доволно ладен, така што акумулацијата на гас може да се случи многу брзо. Планетата подоцна може да мигрира до сегашната позиција, или преку интеракција со дискот или со други планети во системот – објасни Ив Ли, професор на универзитетот Мекгил.

Loading...

Leave a Reply