Семки од канабис и куршуми пронајдени во дом на кумановец

Сподели со своите пријатели

Кумановец ќе одговара поради поседување семки од „канабис сатива“ и куршуми.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(43) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, при претрес  во домот на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле семки од растението „канабис сатива“ и 12 куршуми од различен калибар.

Никола Ивановски

Leave a Reply