Селото Клечовце потекнува уште од 1389 година

Сподели со своите пријатели

Австрискиот конзул опишувајќи ги во своите сомени и забелешки од патот од Серез до Вучитри го споменува и селото Клечовце. Овие записи на австрискиот конзул потекнуваат од 19 век и во нив тој селото Клечовце го споменува под името Чаушкин и Шаушкој. Во тоа време патот од Серез до Вучитри водел и преку селата Клечовце, Билјача, Гњилане и Приштина.

Селото Клечовце порано било населено повеќе со турско население. Уште кога турскиот султан Мурат Први во 1389 година тргнал за Косово Поле на местото на денешно Клечовце оставил неколку турски фамилии да се населат тука. Од нив водат потекло клечовските Турци. Ова се докажува со тоа што турскиот султан Мурат Први, своите истакнати војници ги изградувал со земја која кај нас тогаш била населена со словенско население.

Меѓу Турците кои се населиле во селото Клчеовце имало и високи феудални достојанственици – бегови, чии титули потекнуваат од најстарите времиња, т.е. од времето на славните завојувања на турската империја.

Старите и многубројните турски гробишта како и џамијата сведочат дека во Клечовце порано имало многу турски куќи. На влезната врата од џамијата имало натпис на арапски јазик. Овој натпис зборува дека џамијата била соѕидана во 1775 година. Се знае дека аа била изградена од Мухри-паша.

По Балканските војни кога народите од Балканот се ослободиле од турското ропство, населението од Клечобце започнало нагло да се иселува во Куманово и другите градови. Така во 1930 година во селото имало само 19 туски куќи со 125 луѓе. Во 1933 година во оваа село останале само 12 фамилии.

Последните две семејства од турско малицнство се отселиле во 1960 година во Турција.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Герогиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 34 (петок, 15 март 1963. година)

Leave a Reply