Седум строго чувани тајни на Амишите

Сподели со своите пријатели

Амишите се припадници на конзервативна христијанкс агрупа во Северна Америка, позната како Стар ред на амишна меноитска црква.

Loading...

Амишите се појавиле во периодот помеѓу 1693 до 1697 година како следбеници на меноитскиот старешина Јакоб Аман, а по преселувањето во САД повеќе нема нивни следбеници во Европа.

Со оглед дека се многу затворена заедница, за нив многу малку се знае – дека живеат на традиционален начин и отфрлуваат модерна технологија, а всушност поради тоа за многу луѓе се предмет на фасцинација.

Image by Joe Keim from Pixabay

Како успеваат да живеат на таков начин? За сето тоа е заслужен нивниот збир на правила кои секој во заедницата мора да ги почитува, а познати се под името „ordnung“. Тие правила задираат длабоко во подрачјето на животот, зборуваат за тоа како треба да се однесувате кон бог и едни кон други. Казната за непочитување е екскомуникација од таа заедница, а не помагаат никакви објаснувања ниту посебни околности.

Ова се седумте строго чувани и мрачни правила на заедницата на Амишите.

Децата се играат со кукли без лица

Loading...

Мора да се признае дека овие кукли изгледаат прилично страшно. На нив може да се види традиционална облека на Амишите и модни додатоци, а причината поради која куклите намерно немаат лице е избегнување на формирање суета кај децата, пренесува „Ричест“.

Генерално, децата имаат мноту малку играчки и тие се пренесуваат од генерација на генерација. Кога облеката на некоја од куклите ќе се искине, куклата не се фрла, туку едноставно се пере и се шие. Секое дете обично има само по една кукла.

Image by David Mark from Pixabay

Нема можност за високо образование

Системот на образование кај Аишите е прилично примитивен, учат во мали приватни училишта во кои им предаваат исклучиво Амиши, а по осмото одделение нивната едукација е готова – на 13-годишна возрасто. За завршување на учењето толку рано во животот имаат две главни причини.

Првата е практична е се однесува ан тоа дека тие повеќе го ценат учењето низ работа и пракса, претежно во занаетски и земјоделски професии. Втората причина е ослонувањето на тоа дека бројни знаења се косат со нивното сфаќање на животот.

Loading...
Image by emailamyd from Pixabay

Прилика за бегство

Поентата на заедницата е дека во неа е секој доброволно, па Амишите на тинејџерите им даваат можност да се „проверат самите себе“. Тоа се нарекува „румспринг“ и подразбира тинејџер на возрасто од 16 години да оди во надворешниот свет за го вкуси. Тогаш тие смеат да носат моедерна облека, да користат технологија, да излегуваат… Потоа, тинејџерот мора да зибете помеѓу модерниот и светот на Амишите – засекогаш.

Image by ArtTower from Pixabay

Близината се гради низ разговор, а не преку секс

Амишите имаат строги традиционални уверувања кои ја отфрлуваат идејата за секс пред брак. Меѓутоа, и тие се свесни дека тинејџерите по силниот удар на хормоните имаат сексуални и љубовни потреби. Затоа смислиле невообичаена пракса – момчето може да преспие кајд евојката, каде би требало цела ноќ да разговараат и да се зближуваат, а ниту случајно да не се допрат. Допирот го спречува даска на половина од креветот.

Loading...
Image by Stephen Marc from Pixabay

Живот без музика

Една од главните причини поради кои Амишите ја мразат техонологијата е нивното верување дека таа поттикнува на индивидуализам. без технологијата, тие се присилени да се ослонуваат едни на други за се. Во рамките на тоа, и музичките инструменти се строго забранети, со исклучок на хармоника, која ја свират на верски обреди.

Сакајте се и множете се – со бројни генетски дефекти

Loading...

По влегувањето во брак, од парот се очекува да има што повеќе деца затоа што тоа помага за ширење и одржување на заедницата. Меѓутоа, проблемот е во тоа што нивната заедница расте исклучиво „одвнатре“, поради што нема проток на нови гени. Амишите често се раѓаат со некои форми на вродени инвалидитети.

Image by hifijohn from Pixabay

Злоставувањето на животни е дозволено

Заедницата на Амишите позната е по своите пацифистички ставови и затоа од верски причини нејзините припадници не мора да одат во војска. Меѓутоа, додека мирољубиви кон луѓето, кон животните се екстремно сурови. Тие животните ги доживуваат на ист начин како и машините – тие се нешто од што може само да имаат корист. Поради тоа често екстремно ги оптеретуаат, а кога ќе се разболи животното го тераат да работи до изнемоштеност.

Loading...

Leave a Reply