Седницата на Советот во знак на јавниот превоз на учениците (фото)

Сподели со своите пријатели

Четириест и осмата седница на Советот на Општина Куманово на која на дневен ред беа советничките прашања помина во знакот на јавниот превоз на учениците, тема за која одговор од градоначалникот бараше претседателот на Советот, Максим Димитриевски, како и советникот од Гром, Драги Караџински.

Како што истакнаа по објавувањето низ дел од медиумите дека се врши злоупотреба и има малверзации со тендерските псотапки за јавниот превоз на основците и средношколците треба да се даде одговор за да јавноста не се доведува во заблуда.

Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека превозот на учениците се врши преку 15 компании со 47 автобуси и 37 минибуси, а се превезуваат вкупно 5.300 ученици, од кои 3.886 средношколци и 1.527 основци.

Средствата за превозот на учениците се од наменски дотации ан Министерството за образование, средства кои до 2013 година се зголемуваат по нивна проценка и ни доделуваат наменски дотации. На годишно ниво тоа изнесува 80 милиони денари, односно 20 милиони само за основното образование, додека 70% во средното и тоа преку концепт на линиски транспорт – вели Дамјановски во својот одговор.

Градоначалникот додаде дека цените се даваат како понуди во зависност од линиите и зоните од каде се патува и врз основа на бројот на учениците се распошува јавен повик на кој се избираат компании лиценцирани од страна на Министерството за транспорт.

На фактите на советникот Караџински дека во учебната 2012/2013 година јавен превоз користеле вкупно 6.514 иченици, за што биле исплатени нешто над 66 милиони денари.

Тоа се во просек 165 евра по глава на ученик во наведениот период. Во учебната 2015/2016 година бројката е намалена и изнесува 5.117, а предвидени се средства од 84 милиони денари, односно 230 евра по ученик, додека цената на нафтата во просек е 48 денари по литар. Како е дојдено до оваа цена во услови кога вкупниот број на ученици се намалува за 10%, а цената на горивото за 32%? – праша Караџински.

sovet dragi karadzinski

Loading...

 

Градоначалникот одговори дека станува збор за цена која е формирана врз основа на проценки на историски трошоци во Република Македонија, а раководителот на Секторот за финансии при Општина Куманово, Ирена Илиевска вели дека станува збор за податоци кои се пресметувани само врз бројката на средношколци, изоставувајќи ги оние од основните училишта.

До 2012 година училиштата склучуваа сами тендерски постапки, а во 2012 година имавме ревизија од Министерството за финансии и беше одлучено да се централизира набавката преку општината од 2013 година. Во учебната 2013/2014 година имавме 1.558 ученика, во 2014/2015 имавме 1579, односно 20 ученика повеќе во основните училишта, додека во средните од 3.555 на 3.886 ученици. Сумата од 84 милиони денари во 2014 година со ревизија од страна на Секторот за ревизија, со анекс договр е намалена на 80 милиони денари за предвидени 180 работни денови – одговори Илиевска.

Во превозот на учениците во Општина Куманово учестуваат вкупно 15 компании, меѓу кои „Штуз“, „Оли травел“, „Јоцо Турс“, „Нота-ми“, како и други помали компании, а се врши превоз и на меѓуопштинско ниво.