Седењето е поштетно и од пушењето!

Сподели со своите пријатели

Ако мислите дека најштетните професии се оние кои се поврзани со тешка физичка активност, се лажете. Според експертите оние професии кои представуваат седење цел ден пред компјутер или на биро се најопасните.

Наднормалната телесна тежина, болестите на срцето и крвните садови, остеопорозата и диабетот се само дел од болестите кои ги поврзуваат со ваквиот начин на работа.

Ваквиот работен режим води до мускулна пасивност која од своја страна го влошува здравјето и дури редовниот спорт не е доволен да ја поправи штетата. Лекарите од американската клиника Мејо во Минесота велат дека штетата од ваквиот начин на работа и долгите сати пред биро е многу поголема од штетата што ја предизвикува пушењето.

Тие уште тврдат дека луѓето кои минуваат четири часа на ден во седната положба имаат 80% поголем ризик од болести на срцето и смрт како последица на инфаркт и сл.