Се засакале во Втората светска војна, па се сретнаа 75 години подоцна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Среде Втората светска војна млад американски војник се вљубил во 18-годишна Французинка додека бил стациониран во нејзиниот мал град. Се разделиле кога тој заминал да се бори на источниот фронт, а потоа се вратил во Америка.

Loading...

Давајцата засновале семејства, а 75 години подоцна, сега 97-годишниот Американец се вратил во Франција по повод одбележувањето на Денот Д. Не сонувал дека повторно ќе ја сретне љубовта на својот живот.

КТ Робинс бил 24-годишнен војник во американската војска кога прв пат ја забележал Џенин Ганаје (92) денес Пирсон, во североисточниот француски град Брију во 1944 година. Робинс барал некој да му ја пере облеката, а нејзината мајка се сложила да помогне.

Почина морнарот од фотографија која беше симбол за крајот на Втората светска војна

КТ и Џенин набргу се вљубиле еден во друг, но два месеци подоцна Робинс морал да го напушти селото и да замине на источниот фронт за да се бори против силите на Оската.

– И реков дека можеби ќе се вратам по неа, но тоа не се случи, рекол Робинс за француската телевизија додека престојувал во земјата, а пренсува Дејли мејл.

Кога војната завршила во 194 година, присон започнала да учи англиски јазик, со надеж дека нејзиниот сакан еден ден ќе дојде по неа. Меѓутоа, Робинс се вратил во Америка.

Го спасил од логор во Втората светска војна, а сега повторно се сретнаа (видео)

Loading...

Таму ја запознал и оженил Лилиан, со која бил во брак 70 години. Заедно работеле во прадавница во Мисисипи 50 години, а таа починала во 2015 година.

И Џенин по војната повторно се вљубила. Се омажила во 1949 година и родила пет деца.

Меѓутоа, Робинс никогаш не ја заборавил својата француска љубов, чувајќи ја со децении нејзината црно-бела фотографија. Таа фотографија ја имал со себе и кога му се доближила група француски новинари за изјава за ветераните од Втората светска војна во Соединетите Американски Држави.

Робинс им ја покажал нејзината фотографија и рекол дека би сакал да се врати во нејзиното село за да го пронајде нејзиното семејство. Претпоставувал дека таа починала.

– Сигурно никогаш нема да ја видам, рекол тој.

Меѓутоа, новинарите успеале да ја пронајдат во дом за стари лица, околу 40 километри од местото во кое прв пат се запознале.

Loading...

Бил еден од клучните шпиони и заработил милиони: Со години на нацистите им сервирал лаги

Организирале средба и му рекле на Робинс дека таа е жива и дека го чека.

Средбата била многу емотивна. Веднаш се прегрнале, гледајќи еден во друг со обожавање и среќа.

– Секогаш те сакав. Никогаш не излезе од моето срце, рекол Робинсон на својата прва љубов, а потоа и ја покажал фотографијата која со години ја чувал.

– Ова си ти, и рекол.

Прашала зошто не се вратил по неа.

– Секогаш мислев на тебе, мислев дека ќе вратиш, сакав да се вратиш, му рекла Пирсон.

Се присетила и на неговото заминување на фронтот.

Loading...

Најстариот човек на светот почина на 123 години (ВИДЕО)

– Кога видов како заминуваш во камионот, бев многу тажна. Плачев, сакав по војната да не се вратеше во Америка, рекла Џенин.

Поранешните љубовници заедно минале уште неколку часа, пред Робинс да се врати поради прославата.

Бидејќи сега и двајцата се без сопружници, си ветиле дека повторно ќе се сретнат.

– Џенин, те сакам девојко, и рекол Робинс додека со солзи во очите, а усните повторно им се сретнале, прв пат по цели 75 години.

Leave a Reply