24.05.2019 12:17

Бил еден од клучните шпиони и заработил милиони: Со години на нацистите им сервирал лаги


Хуан Пујол Гарсија бил познат шпион за кој не се знаело, а кој медалјите за својата работа ги добил од Хитлер, но и од кралот Џорџ VI. Тој бил една од клучните фигури на Втората светска војна, а пред да започне да заработува милиони од своите шпионски услуги, живеел како и секој фармер во Шпанија.

Се занимавал со одгледување кокошки и неуспешно пробал неколку работи, а потоа на почетокот на Шпанската војна дезертирал и се доближил до националистите.

loading...

На почетокот на Втората светска војна водел неугледен хотел во Мадрид, а подоцна се приклучил на британската војска, но не е јазно зошто. Тие мислеле дека е дезертер, па го одбиле, но тој продолжил да им ги нуди своите услуги.

Потоа дошол до една прекрасна идеја, а тоа било да го изработи својот шпионски животопис и да се стекне со доверба кај нацистите, хранејќи ги со дезинформации од внатре. Во тоа време било лесно да се воспостави контакт со германската војска. На измама добил и дипломатска виза, која ја користел за да изгради лажен идентитет и се претставувал како нацистички симпатизер кој редовно патува во Лондон поради дипломатска работа. Било тоа храбра лага, со оглед дека воопшто не зборувал англиски јазик.

Нацистите поверувале во приказната. Го образувале да стане шпион, и со 600 фунти (денеска околу 42.000 долари) го испратиле во Лондон за да регрутира нови шпиони. Без никакво знаење на англиски јазик со лажен пасош, наместо во Лондон, Гарсија заминал во Лисабон.

Му било лесно нацистите да ги снабдува со информации затоа што комбинирал разни дневни вести, приказни од туристичките водичи и други слични приказни и создал цела приказна за животот во Лондон и така измислувал за шпионската лондонска мрежа. Не секогаш тоа биле прецизни и точни извештаи, а знаел во нив и да погреши, па така еднаш напишал дека Шкотите „ќе направат било што за литар вино“.

Сепак, во неговите извештаи толку верувале што Британците, откако ги пресретнале, кренале во потрага по шпионот кој се инфилтрирал во нивната земја. Верувале дека во тоа време немало противнички шпиони во британија, па веста за Гарсија многу ги загрижила.

Трикот поради кој Британците поверувале во неговата шпионска вредност бил оној во кој измислил цела британска армада на Малта. И покрај непостоењето на армадата, нацистите продолжиле да веруваат во неговите информации. Така и Британците успеал да иг увери вос војата вредност во 1942 година. Работејќи со британските служби измислил 27 агенти со низа различни информации кои добро заедни ги вплеткал во мрежа на кодирани информации. Тоа била мешавина од дезинформации, вистини, но и целосно неважни, како и вредни инфомации кои секогаш пристигнувале во последен момент.

Така на пример, дал целосно точни информации за сојузничките сили во Северна Африка, во писмо кое е примено пред нивното доаѓање, но пристигнало по нивното симнување од бродот. Нацистите дури и се извиниле, затоа што не стигнале да постапат по неговите информации.

За тие свои секогаш во последен момент задоцнети информации Гарсија морал да исплете многу добра, силна мрежа на лаги. Кога не испраќал извештај за главното движење на британската флота, Гарсија ги информирал нацистите дека важниот агент му се разболел или умрел. За да ја покажат својата поддршка кон неговата шпионска мрежа, му платиле околу 340.000 долари, или близу шест милиони денешни, мислејќи дека плаќаат пензија за сопругата на наводно загинатиот агент, кој воопшто и не постоел.

loading...

Најголемиот ден во неговата кариера бил при битката за Нормандија. Тоа била одлична можност да ја искористи својата доверба која ја изграидл. Со низа ралзични и збунувачки извештаи ги уверил дека инвазијата ќе започне на преминот на Доверските врати, за што и самиот Хитлер верувал дека ќе биде така. За да го задржи својот кредибилитет Гарсија им рекол на анцистите да почекаат доверлива порака. Тоа го направил вос војот веќе докажан стил, порака која пвоторно би можела да дојде малку предоцна. И тука успеала среќата, па нацистите не ја дочекале пораката, а одговориле дури подоцна тоа утро. Гарсија бил лут затоа што загубиле толку критична порака.

И така заработил уште еден дополнителен дел кредибилитет. Одлучил да оди чекор подалеку и измислил војска со 150.000 војници на чие чело бил генерал Патон – првата „U.S. Army“ група.

Со комбинација на лажни говори и тенкови, германската восјка била убедена дека пристигнала противничката војска во јужниот дел на Британија. Гарсија ги уверил нацистите дека инвазијата на Нормандија била само диверзија, а дека овој напад, неговиот напад, се вистински. Тоа била голема здружена сојузничка акција, а додека нацистите чекале друг напад, сојузничките сили ја однеле победата.

Со измислување лажна војска и контрола над токот на информации кон нацистите, Гарсија си обезбедил титула за една од највлијателните фигури во војната. Неговиот идентитет на двоен агент бил откриен децении подоцна, а можеби и тоа е причината зошто толку малку се знае за него.

Познато е дека во 1949 година ја лажирал својата смрт (измислил маларија) и се преселил во Венецуела и се занимавал со книги, станал сопственик на книжарница. Живеел обичен живот, а починал во 1988 година.

Извор: bigthink.com / фото: Youtube printscreen


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments