Се плашите од пајаци? Постои едноставно решение за оваа фобија!

Сподели со своите пријатели

Една од најчестите фобии е стравот од пајаци, а научниците од Холандија пронашле доброволци кои страдаат од оваа фобија и го пробале нивниот метод како да се ослободат од стравот од нив.

Loading...

Тим научници од Универзитетот во Амстердам пронашле 45 доброволци кои се плашат од пајаци. Секој од нив накратко бил изложен на тарантула и последователно добил доза на пропранолол, бета-блокатор што се користи за лекување на срцеви заболувања и висок крвен притисок.

Се случило чудо, кај секој од волонтерите стравот драматично се намалил, а овој ефект траел една година – односно, кај појавата на спомени на пајакот, се активирала амнезија.

Основач на оваа теорија е неврологот д-р Јозеф ЛеДукс, кој пред скоро 20 години тврдеше дека давањето на овој вид лекови резултира во амнезија по активирање на непријатна меморија.

Досега, овој метод е испробан само на животни.

Холандските научници веруваат дека истражувањето ќе доведе до нови начини на заздравување, односно бришење трауматски спомени и чувства на страв од некои други причини од меморијата, пренесува Daily Mail.

Leave a Reply