Се огласи македонското МНР: Сите страни во Авганистан да овозможат безбедното напуштање на земјата на странски државјани

Сподели со своите пријатели

Имајќи ја предвид сериозно влошената безбедносна ситуација во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници:

Loading...

– ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјата.

– Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата.

Министерството за надворешни работи продолжува внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да презема чекори во насока на заштита на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата.

Интегрално соопштение: Министерство за надворешни работи