Се напила па од ноќното излегување донела необичен сувенир (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите се вратиле дома по барем една ноќ излегување со некоја смешна приказна која сè уште им ја раскажуваат на сите што ќе ги сретнат.

Loading...

Снимката од ноќниот клуб на Мејси Каротерс е само една од нив, а нејзиното видео набрзо стана вирално на ТикТОк.

Мејси Каротерс била во градот со нејзиното момче и пријателка Ени. Пред да замине дома, наишла на страчка и решила да ја земе како спомен од големото вечерно излегување.

Нејзината пријателка Ени решила да го сними целиот момент, а Мејси плачела и ја држела птицата во раце додека момчето ја гушкало.

Плачела затоа што мислела дека мора да ја остави страчката и сакала да ја однесе дома. Момчето ја наговорило да ја остави птицата и да си оди дома.

Под влијание на емоциите во нејзината пијана состојба, Мејси не можела да ја напушти птицата.

Ени напиша коментар покрај објавата: „Не можам да ја носам никаде“.

Во видеото дури можеме да видиме слика од птица на брачен кревет, па може да се заклучи дека Мејси ја однела птицата дома со себе.

Loading...

Видеото е прегледано над шест милиони пати.

 

@annieevans can’t take her anywhere @macycarrothers ♬ original sound – Annie Evans