Се ближи ли крајот на драмата во Хонг Конг? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Училиштата во Хонг Конг по шест дена повторно се отворија денес. Мал број демонстранти останаа на кампусот на универзитетот.

Loading...

Градските власти се обидуваат да го вратат редот и нормалното функционирање на градот, како и наставата е во основните и средните училишта.

Инспекторите се испратени да ја утврдат штетата во главниот тунел, кој бил мета на демонстрантите, но не е познато кога ќе биде повторно отворен, пренесува АП.

На Политехничкиот колеџ, каде што протестираат демонстранти со денови, се уште има мала група на луѓе кои не сакаат да заминат од таму бидејќи им се заканува апсење.

Полицијата постави кордон околу кампусот за да ги спречи демонстрантите да избегаат.

Од неделата, кога полицијата го опколи кампусот, повеќе од 1.000 луѓе се уапсени, а стотици повредени побарале лекарска помош, соопштија властите.

Leave a Reply