СДСМ во 16:40 часот ќе ги објави кандидатите за градоначалници

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги објави преостанатите кандидати за градоначалници во повеќе општини.

Loading...

Информациите на прес конференција денеска во 16:30 часот ќе ги соопшти генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

– Ве известуваме дека денеска 25.8.2021 (среда) со почеток во 16.30 часот во седиштето на СДСМ прес-конференција ќе одржи Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, на којашто ќе ги објави кандидатите за градоначалници утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор, стои во соопштението на СДСМ.

На прес конфренцијата се очекува да се соопшти и кандидатот за општина Куманово кој на мегдан треба да излезе со неговиот против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски.

Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски во изјава за Слободен Печат вели дека очекува да го подджи партијата.

– Подршката од граѓаните е мотив повеќе за мене да очекувам кандидатура, како и да е, на крајот изборот го прават граѓаните. Сметам дека започнуваме да го менуваме ликот на Куманово, и заедно со мојот тим планираме тоа да го продолжам и во вториот мандат, и градот да го трансформираме во еден модерен и урбан центар по европски терк – изјави Димитриевски за „Слободен печат“.

Но, кадидатура освен него поднесоа и актуелниот пратеник и претседател на локгалниот огранок на партијата Мартин Костовски, секретарот на општинската организација и директор на АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски, како и актуелната претседателка на Советот Атина Мургашанска.

Според последните информации од внатрепартиските кругови Димитриевски води на анкетите спроведени од партијата со најголема поддршка кај граѓаните.

Loading...

Никола Ивановски