СДСМ вечерва ќе ги промовира кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово вечерва ќе го промовира официјално пред граѓаните Оливер Илиевски како кандидат за претстојните локални избори, заедно со листата кандидати за советници.

Loading...

Настанот ќе се одржи на паркингот пред градскиот базен во Куманово со почеток во 19:00 часот.

Свое обраќање се очекува да има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Никола Ивановски