СДСМ Куманово: Се грижиме за нашиот град

Сподели со своите пријатели

Се грижиме за нашиот град, но проблемот со аерозагадувањето е долгорочен и бара долгорочно решение, истакнаа на денешната прес-конференција од општинската организација на СДСМ.

Loading...

Портпаролот на СДСМ,  Катерина Пешиќ Бошковска укаже дека по добиените информации од мерната станица за квалитет на воздухот во Куманово, кое неколку пати беше над дозволените вредности, градоначланикот како командант на општинскиот кризен штаб за заштита и спасување, во соработка со надлежните служби од општината и јавното претпријатие Чистота и Зеленило, го детектирале проблемот и презеле соодветни мерки.

– Се врши аеросолизација на воздухот во централното градско подрачје, каде концентрацијата на ПМ 10 честичките е најголема, со што директорно брзо и ефикасно се влијае на зголемување на квалитетот на воздухот.Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух е поставена во кругот на ЈЗУ Општа болница Куманово, непосредно до грајниот котел со мазут, кој е еден од главните причинители за загадувањето на воздухот во тој дел на градот. Аналогно на ваквата состојба, Владата презема мерки за гасификација на болницата, како и субвенционирање на граѓаните за гасификација на домаќинствата,  а на завчерашната седница се донесе и одлука и Општина Куманово да биде вклучена во субвенционирање за инвертер клими-истакна таа.

Од СДСМ посочија дека општината ќе ангажира и независно правно лице за следење на аерозагадувањето на повеќе локации во градот и со тоа ќе се детектираат најголемите причинители за загадување на воздухот.

Со цел да се спречи енормното загадување, градоначалникот и општината, заедно со Чистота и зеленило, засадија и над 100 садници, укажуваат од партијата.

-Оваа година засадени се скоро 8.000 зимзелени и листопадни садници на различни локации на подрачјето на општината, а до крајот на годината се предвидува да се засадат уште 800. Се работи и на инфраструктурата во нашиот град. Во соработка со Владата на РСМ, во тек е поставување на дел од атмосферска канализација во новата индустриска зона во м.в Новине село Речица со должина од 1210 метри, а се работи и на изградба на дел од улиците 1 и 13. Оваа зона со својот капацитет е предмет на интерес на голем број домашни и странски компании-истакна Пешиќ Бошковска.

Се постави и првиот асфалтен слој на новиот кружен тек, со што Куманово ќе добие ново современо сообраќајно решение за преуредување на влезот на градот. Одиме на прав пат, завршија од СДСМ.

Leave a Reply