Саудиска Арабија гради екстремен парк на нафтена платформа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Планот е да се претвори нафтената платформа во „екстремен парк“ и одморалиште од 150.000 квадратни метри. Овој иден парк ќе се наоѓа во Персискиот залив.

Loading...

Саудиска Арабија се обидува да ја намали зависноста од нафтата, но тоа не е пречка да ја искористи својата индустрија за да создаде сосема нова туристичка атракција.

Проектот е финансиран од Фондот за јавни инвестиции (ЈИФ), а дел од паркот ќе бидат три хотели и 11 ресторани.

Целиот комплекс ќе се состои од неколку поврзани платформи, како и тобогани и други адреналински активности на банџи скокање и нуркање.

Малку претходно беа објавени рендери одhttps://youtu.be/Fkve5s-4sdI идната атракција и видео и сугерираат што ќе очекува посетителот кога ќе дојде да се одмори и забавува.

„Овој проект е единствена туристичка атракција која ќе привлече туристи од целиот свет. Се очекува повеќето луѓе да доаѓаат од регионот на Персискиот Залив“, се вели во соопштението.

Не е познато кога ќе биде завршен екстремниот парк.

 

Loading...