Сателитите би можеле да не разоткријат кај вонземјаните

Сподели со своите пријатели

Додека еден дел од научниците сметаат дека луѓето вонземјаните најлесно ќе ги воочат според сталитите и другите тела кои би морале да ги имаат околу своите планети, други велат дека тоа ќе ги одварти од потрагата тврдејќи дека тоа предупредување би можело да биде премногу опасно за човештвото.

Најновите проценки на астрономите говорат дека постојат дури 80 отсто шанси луѓето да се сами во вселената. Сепак, актери на разни програми кои се занимаваат со потрага по вонземјани тврдат дека интелигентна цивилизација во некој друг сончев систем би можела да ја разоткрие нејзината технологија.

Слично е и со Земјата – и човештвото би можело да го одадат сателитите кои се сместени во Кларковиот појас, наречен по познатиот писател на научна фантастика Артур Кларк. Сателитите се наоѓаа во геострационирана орбита на повеќе од 35.400 километри од површината на Земјата.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Loading...

Но, Кларков појас се уште има премалку сателити за да може да се воочи од голема далечина. Околу две третини од вештачките сателити се позиционирани во ниската орбита многу близу до површината на Земјата.

Меѓутоа, како бројот на сателити забрзано расте, до 2200 година би можеле да станат видливи од останатите системи. Така, според научниците, мисиите кои се целосно насочени за пронаоѓање на егзопланети би можеле да пронајдат токму таков доказ за постоење на други видови.

 

 

Треба да се обрне внимание на ваквиот вид траги, сметаат научниците. Тоа е малку веројатно, но луѓето ништо не ги чини „ако фрлат поглед“. Тоа е како лото – постои сознание за мали шанси за добивка, но сеедно оној кој игра ќе ги провери извлечените броеви.

Технолошките вируси би можеле да не уништат

Меѓутоа, друг дел од научната јавност оспорува било каква потрага за други цивилизации. Тие тврдат дека напредните вонземјани би можеле да предизвикаат вистинска апокалипса на Земјата, дури и да не ја посетат.

Некои студии покажуваат дека злонамерна вонземска цивилизација би можела да го уништи животот на Земјата со обично испраѓање пораки со опасна вештачка интелигенција. Односно, дека би можела да го уништи човештвото со технолошки вируси.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Истражувачите од Хаваи објавиле труд во кој предупредуваат на пораки и недостаток на внимание во тоа како ќе бидат прочитани. Тие анализирале како би можеле да прочитат и протолкуваат потенцијални пораки кои би стигнале од вселената и заклучуваат дека е невозможно да се открие дали пораката е опасна пред таа да биде отворена.

Потенцијалната опасност е толку голема што најсигурно би било да се отфрлат таквите пораки без читање.

– Поевтино е да се испрати порака со која би не истребиле наместо испраќање вселенски бродови, наведуваат заговорниците за стопирањето на потрагата.

 

 

Loading...

Се препорачува дека и луѓето не би требало да испраќаат во своите пораки никаков код. Пораки со други цивилзации треба да се огрничат на текст, фотографии, енциклопедиски податоци или музика.

Јапонскиот физичар Мичо Каку смета дека напредните вонземјани се илјадници или милиони години технолошки пред човештвото и дека лушето за нив се само „верверички во шума“.

– Не треба да се огласува своето присуство во вселенската шума. Нема тука некоја посебна злоба, туку се работи едноставно за тоа дека на вонземјаните не треба да им претставуваме нешто значајно ниту вредно за споменување, затоа што можат целосно да не прегазат за некои свои потреби, рекол тој.

Leave a Reply