Сања Дабевска потпиша за ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Сања Дабевска од позицијата пикер ќе го засили составот на Женскиот ракометен клуб Куманово во новата сезона која почнува оваа есен.

Дваесет и двегодишната Дабевска има играно за составот на Металург, а претходната сезона настапуваше во дресот на ЖРК Пелистер.

Амбициите и на новата ракометарка како и на сите што оваа сезона ќе играат во Куманово се исти, да се закитат со двојна круна, и во купот и во лигата.

– Ќе дадам се од себе оваа сезона ЖРК Куманово да биде на врвот во Македонија, заедно со останатите ракометарки на тимот ќе се бориме за двојната титула, а и што подобар пласман во Челинџ купот, изјави Дабевска за Кумановски Муабети.

Младата гостиварка последната сезона беше најдобар пикер во Женската супер лига на Македонија.

Клубот претходно ги обнови договирте со сите ракометарки кои настапуваа минатата сезона, а на кумановски терен ќе заигра и Диана Димова.

Од управата на клубот потенцираат дека засилувањата ќе продолжат, а наскоро ќе започнат и тренинзите и подготовките за европска и домашна сцена.

Leave a Reply