Санчез: Приоритет на Шпанија ќе биде да работи на проширување на ЕУ на југоисток

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека еден од приоритетите на шестмесечното шпанско претседавање со Европската Унија од 1 јули ќе биде работа на проширување на Унијата во Југоисточна Европа.

Loading...

Санчез ја посети Словенија и на тој начин ја заврши дводневната турнеја во која ги посети и Хрватска и Австрија.

Тој денеска разговараше со словенечкиот премиер Роберт Голоб, меѓу другото, за проширувањето кон Западен Балкан, што беше тема и во Загреб, пренесува N1.

Релевантно прашање за Шпанија ќе биде проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, соопштија од кабинетот на шпанскиот премиер по средбата на Санчез со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб, потсетува агенцијата Хина.

Шпанија ќе го преземе претседавањето со Унијата од Шведска, па Санчез ќе посети 15 земји и ќе размени мислења со премиерите, пред официјално да ја објави листата на приоритети за неговото претседавање со Унијата на 15 јуни.