Само најзагрозените можат во болница: Расте бројот на заразени во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Јапонија ќе се фокусира на хоспитализирање на пациенти кои се сериозно болни со ковид-19 и оние кои се изложени на ризик да станат такви, додека другите ќе бидат изолирани дома, објавија денеска јапонските власти.

Loading...

Ваквите најави доаѓаат во услови на загриженост поради затегнатиот медицински систем во услови на растечка загриженост во Токио, каде моментално се одржува Олимпијадата, како и во други делови на земјата, пренесува Ројтерс.

Јапонија се соочува со нагло зголемување на коронавирусот и бележи повеќе од 10.000 нови инфекции дневно. Токио во саботата објави рекордни 4.058 нови инфекции.

„Мал број постари луѓе, од кои повеќето се вакцинирани, се заразени“, изјави за новинарите владиниот портпарол Кацунобу Като.

– Од друга страна, инфекциите на младите луѓе се зголемуваат, а бројот на луѓе во нивните 40 -ти и 50 -ти години со тешки симптоми расте – додаде тој.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга рече дека владата ќе обезбеди луѓето што се изолирани во куќата да бидат хоспитализирани доколку е потребно.

Јапонија во понеделникот ја продолжи вонредната состојба на уште три префектури во близина на Токио и западната префектура Осака.

Leave a Reply