САД соборија балистичка ракета и два дрона на Хутите во Црвеното Море

Сподели со своите пријатели

Американската војска соопшти дека соборила проектил истрелан врз американски разурнувач во Црвеното Море од областа во Јемен контролирана од Хутите.

Loading...

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека вчера Хутите истрелале една балистичка ракета со краток дострел од делот на територијата на Јемен под нивна контрола, во правец на УСС „Лабун“, но дека таа не го погодила пловилото и дека во нападот нема повредени или материјална штета, пренесува Ројтерс.

Коалиционите сили предводени од САД уништија и два дрона лансирани од областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти ЦЕНТКОМ.

Хутите објавија дека ги извршуваат нападите како знак на поддршка на палестинската милитантна група Хамас во војната против Израел, а како одговор на тие напади, САД и Велика Британија во јануари извршија напади врз цели на Хутите во Јемен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење