САД сакаат да ги префрлат ПВО системите од Блискиот Исток во Украина

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Raytheon Technologies, Грег Хејс, објави дека САД преговараат со земјите од Блискиот Исток за испраќање на некои од своите системи за воздушна одбрана НАСАМС во Украина.

Loading...

„Целта е да се испратат старите верзии на ракетните системи земја-воздух НАСАМС во Украина во следните три до шест месеци. САД потоа ќе ги заменат тие системи со нови верзии на НАСАМС на Блискиот Исток во следните 24 месеци“, изјави Хејс во интервју за американскиот весник Политико.

Хејс одби да ги именува земјите од Блискиот Исток кои ќе ги испратат системите.

Според евиденцијата на Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка, клиенти на НАСАМС во тој регион се Оман и Катар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп тужеше новинар за неовластено користење на аудио снимката

Хејс нагласи дека со пренесување на системот од Блискиот Исток, Украина побрзо ќе го добие толку потребното оружје отколку ако чекаше да се произведе ново.

Како што рече, потребни се две години за да се направи еден НАСАМС поради сложената конструкција.

НАСАМС имаат поголем дострел од другите системи за противвоздушна одбрана испратени во Украина од западните земји.

Првите две пристигнаа на почетокот на ноември, а САД ветија дека ќе испратат уште.

Loading...

Американската војска во средата потпиша договор вреден 1,2 милијарди долари за испорака на шест системи НАСАМС на Украина до 2025 година.

Договорот е дел од петтиот пакет на Иницијативата за безбедносна помош за Украина и вклучува обука и логистичка поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска: Подготвени сме да испратиме авиони Ф-16 во Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.