САД ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина

Сподели со своите пријатели

САД официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш.

Loading...

– Готово е. Сега тие (тенковите на Абрамс) треба да стигнат до Европа, а потоа во Украина, заедно со сите работи што ги носат – рече Буш, пренесе Си-Ен-Ен.

Според него, заедно со тенковите, во Украина ќе бидат доставени и муниција, резервни делови, опрема за гориво, како и средства за поправки.

Буш истакна дека не се работи само за тенковите, туку за комплетниот пакет што оди со нив.

Испораката на тенкови Абрамс во Украина беше официјално одобрена изминатиот викенд, според Си-Ен-Ен.

САД почнаа да ги обучуваат Украинците на тенковите Абрамс во мај во Германија, а 31 тенк наменети за Украина веќе неколку месеци се подложени на ремонт и подготовка за испорака.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.