Руските сили лансирале 15 дронови од типот Шахед врз цели во југоисточниот дел на Украина синоќа, а украинската противвоздушна одбрана собори 14 од нив, соопшти денеска командата на украинските воздухопловни сили.
Loading...
„Насоката на нападот беше Запорожје и регионот Дњепропетровск“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Униан, пренесува Танјуг.
Регионот Одеса беше цел на руски ракети Оникс.
Две ракети го погодија просторот за рекреација, но немаше поголема материјална штета или жртви.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.