Руски научници вкрстиле куче и крволочен ѕвер па создале опасни хибриди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските грнаичари вкрстиле волк и куче и создале хибридна раса специјално направена за помагање при чување на најголемата граница во светот.

Волкособ, мешавина од куче и волк, може да достигне големина и сила на вистински волк, со послушно и пријателско расположение кон луѓето, карактеристично за кучињата.

 

Loading...

 

Добивањето на најдобрите карактеристики од двата вида не одело лесно и биле потребни години пред првите успешнир резултати.

Повеќе до 200 хибриди волци кои се огледувани на Универзитетот во Келн, Германија, била неуспешни обиди за вкрстување, затоа што сите покажувале типични карактеристики на волци, и екстремен страв и внимателност покрај луѓето.

Сепак, научниците од рускиот институт Перм, конечно направиле чекор во 2000. година. Клучна улога имала Наида, необична социјална женка на касапски волк, која одлично се сложувала со луѓето. Уште почудно, кога и понудиле да бира партнер, избрала куче наместо волк, пишува CNN.

 

 

Во наредните 10 години, Наида одгледала 40 волкособи (руски збор за „волк-куче“), кои ги делеле нејзините инстинкти, додека од татковците кучиња повлекле дружељубивост и послушност.

Тие биле користени за развој на видот. Врвните истренирани волкособи вредат од 2.000 до 3.000 долари, но руската војска не ги продава, туку исклучиво ги користи за домашни безбедносни организации, под строги услови.

Првите волкосови се тренирани за различни задачи, од пронаоѓање експлозиви, откривање криумчари и следење, а сите задачи ги извршувале многу лесно. Според зборовите на руските тренери, нивната најимпресивна карактеристика е што сакаат да работат.

– Кога ќе влезат во Центарот за обука нестрпливи се да започнат вежбите, рекла тренерот на животни Олга Галперина.

Меѓутоа, причината поради која руската војска толку љубоморно ги чува е што во сите задачи ја надмашуваат било која раса. Така на пример на германскиот овчар му требаат четири минути да намириса криминалец кој се крие, што волкособот може да го направи за 15 до 20 секунди.

Кучињата умеат безгрижно да грчаат околу теренот за обука пред вежбите, додека хибридите од волците веднаш се фрлаат на работа. Руските дресери тврдат дека дури и во непознато опркужување само со едно претрчување на теренот можат да откријат дали има скриено дрога, криминалци или експлозив.

 

Loading...

 

Според достапните информации, волкособите ги надминуваат кучињата во секој аспект. Имаат шест пати посилни сетила за мирис од кучињата, далеку посилни заби кои можат да ја пробијат и заштитната опрема и можат да издржат екстремни температури.

Исто така се покажале и како физични посилни животни, но и ментално постабилни. Без одмор можат да го следат трагот и по два дена.

Во услови на борба кучињата обично се фокусираат на раката на напаѓачот. Меѓутоа, волкособот многу брзо ќе започне да ги бара ранливите делови, како препони или вратот.

Волкособите се догло опишувани како тајно оружје на руските гранични служби, а станале озогласени и меѓу криминалците и шверцерите кои влегуваат преку кинеската или монголската граница.

Leave a Reply