Руски напади врз градовите Харков и Лавов

Сподели со своите пријатели

Украинските градови Харков и Лавов беа цел на руски напади, објавија градоначалниците на тие два града.

Loading...

Градоначалникот на Харков Игор Терехов изјави дека „се слушнале најмалку шест експлозии“, додека неговиот колега во Лавов Андриј Садови изјави дека имало два напади.

Не е соопштено дали има жртви или материјална штета.

Во четвртокот три лица загинаа, а девет беа повредени во две села во областа Запорожје на југот на Украина во руски напади, објавија локалните власти.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.