Руски делегат сакаше да го одземе украинското знаме, Украинецот го удри во лице (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украински делегат удрил руски делегат во лице за време на собирот на црноморските држави во Анкара, Турција.

Loading...

Тоа го направи откако му го украдоа украинското знаме додека се обидуваше да се вметне во кадарот за време на видео обраќањето на главниот руски делегат во Анкара, пренесува Ројтерс.

Украинецот Олександр Мариковски објави видео на Фејсбук како удира Русин и го враќа сино-жолтото знаме.

Инцидентот се случил во ходникот на парламентарната зграда, каде што во четвртокот се одржувало собранието на Црноморската економска соработка (БСЕК).

Пред тој инцидент, некои украински делегати се пресметаа со чуварите кои се обидоа да ги отстранат додека протестираа, извикувајќи и носејќи ги нивните знамиња до главниот руски делегат, кој се обиде да се обрати пред собранието, додава британската новинска агенција.

Фотографии од инцидентот беа објавени на веб-страницата на турскиот парламент, а Мустафа Шентоп, претседателот на турското национално собрание, го осуди инцидентот.

„Го осудувам ваквото однесување кое ја нарушува мирната атмосфера што Турција се обидува да ја воспостави“, рече Сентоп.

На состанокот на БСЕК имаше делегации од 13 земји.

Loading...

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.