Русите со ракета погодиле станбена зграда во Харков, најмалку еден загинат

Сподели со своите пријатели

Проектил погоди станбена зграда во украинскиот град Харков доцна синоќа, при што загина едно лице, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов.

Loading...

„Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм.

Засега нема индикации колку лица се повредени. Службите за итна помош се на терен. Синехубов рече дека на настраданите им се помага.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.