Русите со идеја за автопат од Лондон, низ Русија до Њујорк

Сподели со своите пријатели

Изградбата на супер автопатот од Западна Европа, преку Русија и Канада, до Њујорк е предложена од претседателот на Светското здружение на форумот „Дијалог и цивилизација“, Владимир Јакуњин, пренесуваат денеска светските медиуми.

Бизнисменот, близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин и до октромври шеф на руската државна железница, наводно сменет поради проневера, овој пладн го изложил во Руската академија на науки со предлог со користењето на автопатот на северозапад од Европа, почнувајќи од Лондон, да се доградат патишта преку Сибир и Алљаска и да се поврзат на север со Америка се до Њујорк.

Патот кој би чинел три илјади милијарди долари, прв пат е споменат како идеја на Путин во март 2015 година, а би бил дел од „Транс-евро-азиската развојна зона“(Eurasian Belt Development – TEPR), која во делот на Русија би се простирала по должината на сегашната Транс-сибирска железничка пруга, гасоводот и нафтоводот.

Тоа би бил меѓудржавен и меѓуцивилизациски проект изјавил Јакуњин, кој додава дека со изведба на таков проект би настанала светска зона на иднината, заснована на врвна технологија.

Патот би бил долг 20.777 километри, од кои 10.000 би се простирале низ Русија.

За сега Јакуњин нема контретен предлог каок патот би преминал од Русија на Аљаска меѓу кои се наоѓа Беинговиот мореуз широк 88 километри.

Можните решенија се постојана бродска врска, тунел и мост, пренесуваат медиумите.