Русија: Украина нападна мостови на границата на Херсон и Крим

Сподели со своите пријатели

Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти.

Loading...

„Криминалниот режим во Киев изврши варварски гранатирања на цивилни објекти – мостови на административната граница меѓу Херсонската област и Крим кај Чонгар“, напиша на Телеграм вршителот на должноста гувернер на областа Керсон, Владимир Салдо.

Тој наведе дека според прелиминарната проценка, за време на нападот биле користени британски проектили Storm Shadow, пренесува РИА Новости.

Површината на коловозот на мостовите е оштетена, а повредени нема, објави Салдо, пренесува Танјуг.