Русија тврди дека го освоила Бахмут, Украина негира (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Водачот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин тврди дека неговите сили го освоиле Бахмут, но Украина ја уверува јавноста дека не се откажува од овој град.

Loading...

Во видеото што го објави во вечерните часови во неделата на 2 април, Евгениј Пригожин тврди дека неговата група Вагнер го освоила Бахмут и го подигнала руското знаме во центарот на градското собрание.

Сепак, Украина тврди дека сепак ќе се бори за овој град. Иако нападите врз Бахмут продолжуваат и денеска, украинските сили сè уште го држат најголемиот дел од територијата на ова место.

Бахмут не е стратешки важен град, но претседателот на Украина, Володимир Зеленски, реши ова место да го претвори во тврдина.

Тој успеа во тоа, имајќи предвид дека руските сили губат голем број војници во обидот да го освојат.

Иако тврдат дека се, Украинците нема да се повлечат од Бахмут, пишува Би-Би-Си.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.