Русија размислува за контрамерка на одлуката на Виена за руските дипломати

Сподели со своите пријатели

Русија размислува за контрамерка на одлуката на Австрија да прогласи четворица руски дипломати за персона нон грата, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Евгениј Иванов.

Loading...

Иванов за Таш не прецизираше дали одмаздничките мерки ќе бидат идентични или асиметрични, но посочи дека Москва одлуката на Виена ја смета за уште еден непријателски чекор.

Австриското Министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека четворица руски дипломати се прогласени за персона нон грата со образложение дека двајца дипломати од руската амбасада наводно „извршиле дејствија некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“, како и дека двајца дипломати од постојаната мисија на Русија во ОН „презедоа дејствија што не се во согласност со договорот за нивните надлежности“.

На руските дипломати им беше наредено да ја напуштат Австрија до 8 февруари.