Русија лансираше ракета со телескоп за набљудување на вселената

Сподели со своите пријатели

Русија од космодромот Бајконур во Казахстан лансираше ракета која понесе телескоп за набљудување на вселената и кој треба да го замени претходниот модел изгубен во јануари.

Loading...

Ракетата Протон-М успешно полета од третиот обид носејќи го телескопот Спектр-РГ, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Погреб во вселената? Може, 5.000 долари по грам

Ракетата првобитно требало да полета на 21 јуни, но полетувањето е одложено поради технички проблеми. Потоа полетувањето било закажно за во петок, но на крајот е завршено денеска.

Телескопот за набљудување на вселената, развиен е во соработка со Германија, овозможувајќи замена на радиотелескопот Спектр-Р, наречен „руски Хабл“, над кој руската служба во јануари изгуби контрола.

Тој телескоп беше лансиран во 2011 година за да ги сними „црните дупки“, неутронски ѕвезди и магнетни полиња. Неговиот наследник исто така ќе служи за набљудување на вселената, но и да се „заврши мапата на светот“, навела руската вселенска агенција.

Минал 10 месеци заробен во вселената, а кога се вратил државата веќе се распаднала (ФОТО)

Вселенскиот сектор кој со децении беше гордост на Советскиот сојуз, имаше низа неуспешни мисии во последните години, но тоа не ги загрози големите амбиции на Русија.

Loading...

По икунивањето на делови од програмата на американската НАСА, Русија од 2011 година е единствена земја која може да испрати екипаж на Меѓународната вселенска станица.

Америка сака воена надмоќ во вселената, најавува нови оружја

Меѓутоа, неодамнешните скандали со корупција во Роскосмос како и конкуренцијата на приватната американска фирма „Спејс екс“ на Илон Маск, ја загрозува таа ексклузивност.

Image by WikiImages from Pixabay

Leave a Reply