Америка сака воена надмоќ во вселената, најавува нови оружја

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп го истакнал значењето на идните вселенски сили и рекол дека САД мораат да остварат надмоќ во вселената со помош на технолошки достигнувања.

Loading...

Во говорот одржан пред дипломците на Воздухопловната академија на САД, Трамп истакнал дека војната во вселената ќе биде поинаква и подвлекол дека никој „нема да поверува“ какви нови технологии наскоро ќе бидат дел од американскиот воен арсенал.

Додал дека ќе побара од Конгресот да инвестира повеќе во хиперсонични оружја.

Трамп истакнал дека инвестициите во војската се од најголемо значење, но и дека се надева дека Вашингтон никогаш нема да мора да ги употреби тие оружја.

Врховниот командант на САД особено ги пофалил американските воздухоплови, издвојувајќи го новиот Боинг Ф-35 за кој рекол дека „влева страв“ кај непријателите и „дава сигурност“ на сојузниците.

Image by Free-Photos from Pixabay

Leave a Reply