Погреб во вселената? Може, 5.000 долари по грам

Сподели со своите пријатели

„Спејс Екс“ се подготвува да ја лансира третата по ред ракета „Фалкон хеви“, овој пат со 24 сателити на неа, но и уште еден необичен багаж – посмртни остатоци.

Loading...

Лансирањето заедно со уредите кои ќе орбитираат околу Земјата на себе ќе носат и кремирани остатоци од 152 лица.

За 50 долари од вашиот погреб ќе направи вистинска претстава

Местото на ракетите за посмртните остатоци го закупила компанијата „Celestis Memorial Spaceflights“, која се занимава со купување простор на вселенски летови и негово пополнување со мали метални капсули со човечки пепел.

Освен бизарноста, целата приказна ја карактеризира и високата цена – 5.000 долари по грам пепел.

Капсулите со остатоци ќе се најдат на еден од сателитите и ќе кружат околу Земјата се додека се во употреба.

Погреб во Србија со жива музика: Наместо плач, игра и песна (ВИДЕО)

Секоја капсула изгравирана со натписот како оној на надгробните споменици, со имиња чија е пепелта, како и разни поради.

Loading...

Комапниајта работи од 1994 година, а досега во вселената носела капсули на 15 различни ракети – осум суборбитални летови, шест во орбитата на Земјата и еден дури до Месечината.

Во оваа земја може да се живее од плачење по погреби

Освен орбиталните летови, компанијата нуди и патување на пеплта во т.н. длабока вселена, но таа услуга значитечно е поскапа – 12.500 долари по грам.

Image by WikiImages from Pixabay

Leave a Reply