Русија ја стави WWF на листата непожелни организации

Сподели со своите пријатели

Руското државно обвинителство објави дека Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) е додаден на листата на „непожелни“ организации во таа земја, јавува Анадолија.

Loading...

Прес-службата на Канцеларијата соопшти дека одлуката е донесена откако истражителите откриле дека WWF се користел за наводно спроведување на проекти кои претставуваат закана за безбедноста на Русија во економската сфера.

„Т.н. „еколошки“ и „еко-едукативни“ активности под раководство на британскиот државјанин Невил Исдел се користат од WWF како покритие за спроведување на проекти кои претставуваат закана за безбедноста на Руската Федерација во економската сфера“, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува и дека WWF формирал мрежа на еколошки непрофитни организации за собирање податоци за еколошката состојба во руските региони со цел да се подготват „пристрасни проценки“ насочени кон „ограничување на економскиот развој на Русија“.

На несаканите организации им е забрането да работат во Русија и се соочуваат со административна и кривична одговорност во случај на прекршување.

Во мај, Русија го стави Гринпис на листата на „непожелни“, обвинувајќи го за финансирање на активностите на „организација на странски агенти“ во Русија и „промовирање на антируска пропаганда“.