Русија ја напушта Светската трговска организација?

Сподели со своите пријатели

Русија би можела да излезе од Светската трговска организација во случај да се исполнат барањата на ЕУ за наплата на казна од 1,39 милијарди евра годишно од Русија поради ограничување на увозот на свинско месо, изјавил за Спутник првиот заменик на претседателскиот одбор за економија во Федерацијата на Русија, Сергеј Калашњиков.

– Санкциите воопшто не се во согласност со правилата на Светската трговска организација, рекол Калашњиков.

Тј нагласува дека воведувањето на европските санкции кон Русија и реципрочното ембарго за испорака на храна од Европската унија е апсолутно надвор од логиката на законодавството кое се однесува на Светската трговска организација.

Спутник истакнува дека е барана компензација за еднаква вкупна вредност на извозот на свинско месо од ЕУ во Русија во 2013 година. Планирано е казната секоја година да се зголемува за 15 отсто.