Русија го прекина снабдувањето со електрична енергија за Финска

Сподели со своите пријатели

Рускиот извоз на електрична енергија во Финска е намален на нула, покажуваат денешните податоци на финскиот енергетски преносен систем оператор Фингрид, откако руската компанија Интер РАО минатата недела објави дека ќе ги прекине испораките бидејќи Финска не ја платила сметката.

Loading...

Според Ројтерс, Интер РАО во петокот објави дека ќе го прекине извозот на електрична енергија во Финска „до понатамошно известување“ од 01:00 часот по локално време во сабота, бидејќи сметката за електрична енергија продадена на 6 мај преку паневропската берза не е се подмирнеи, пренесува Норд Пул.

 

Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО

 

Испораките на руска електрична енергија за Финска рано во саботата паднаа од 87 мегавати на нула, според Фингрид.

Финскиот мрежен оператор во саботата изјави дека може да ги компензира руските испораки со купување на шведска електрична енергија и зголемување на домашното производство, а дека прекинот на руските испораки се должи на мерките за ограничување на плаќањата наметнати од западните земји.

 

Loading...

Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО

 

„Поради овие ограничувања, плаќањата за испорачаната руска струја повеќе не може да се вршат. Затоа, суспензијата е повеќе последица, а не руска контрамерка“, рече Фингрида.

Финскиот оператор, според чии податоци Русија учествува со околу 10 отсто во подмирувањето на вкупната потрошувачка на електрична енергија во Финска, минатиот месец објави дека се подготвува за можноста Русија да го намали снабдувањето со електрична енергија со ограничување на преносниот капацитет за една третина, додава британската агенција.