Гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко, ја обвини Русија дека ги прекршила своите ветувања кога станува збор за дозволување хуманитарна помош да пристигне во Мариупол.
Руските власти тврдат дека украинските хеликоптери гаѓале складиште за нафта во рускиот град Белгород, што секретарот на украинскиот совет за безбедност Олексеј Данилов го негираше.
Еве што остана од руската војска по повлекувањето кај Киев (ВИДЕО)
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков најави дека Русија ќе ги зајакне западните граници за никој да не помисли да ја нападне.
„Путин му даде инструкции на Шојгу, а нашето Министерство за одбрана сега работи на развој на план за зголемување и зајакнување на нашиот воен потенцијал на западните граници како одговор“, посочи Песков.
Русија и Украина во петокот разменија воени заробеници, потврдија украински извори. Група од 86 украински војници беше ослободена во околината на Запорожје како дел од размената на затвореници. Во спротивна насока заминаа 86 руски војници.
Ова е втората жена на Рамзан Кадиров: Ја забележал кога имала 14 години, сега е милионерка
Врховната рада на Украина усвои нацрт-закон со кој се забранува истакнување на буквите „V“ и „Z“ во таа земја, додека Руската Федерација е означена како „терористичка земја“.
На првиот ден од спроведувањето на рускиот декрет за исплата на гас во рубљи, таа енергија поскапе.
Рубљата е стабилна, доларот е посилен, а еврото паѓа, но снабдувањето со руски гас за земјите од Европската унија засега е редовно.
Германија купува ракетен систем за заштита од руски „Искандери“
Руските војници целосно ја напуштија високо контаминираната нуклеарна зона во Чернобил и ја вратија контролата на Украинците, соопштија локалните власти.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаело Гроси вели дека нивото на радијација околу атомската централа е нормално.