Румениге: Или сите без навивачи, или забрана за Баерн

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге повика на законот во Минхен, со кој се забранува присуство на публика на „Алијанц Арена“ до 25 октомври, да се наметне за целата Бундеслига или да им се дозволи на Баварците да примаат луѓе на трибините.

Loading...

– Потребно ни е радикално решение за проблемот. Тој мора да се донесе врз основа на универзални правила, а не регионални, како што е случајот сега, изјави Румениге за „Билд“.

Поради растечкиот број на позитивни тестови во Минхен, надлежните одлучија сите фудбалски натпревари да се одржуваат зад затворени врати. Ова важи и за третолигашот Минхен 1860, кој играше за време на викендот.

Следните три натпревари Баерн ќе ги игра без публика.

Во Германија, сепак, секој округ има право сам да одлучи за бројот на луѓе на стадионите, во зависност од ситуацијата со пандемијата.

Влатче Зорба

Leave a Reply